• недела, 28 јули 2024

Локализиран шумскиот пожар меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје

Локализиран шумскиот пожар меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Шумскиот пожар меѓу селата Барово и Бесвица во општина Демир Капија и селото Вешје во општина Неготино е локализиран, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. 

На терен се уште се осум пожарникари со три возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино и четворица вработени од Подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“.

Пожарот избувна вчера попладне околу 16 часот. Опожарена е нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан