• среда, 13 ноември 2024

Локализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентите и вработените

Локализиран пожарот во Специјалната болница на Златибор, евакуирани пациентите и вработените

Белград, 27 јануари 2024 (МИА) - Пожарот што избувна половина час пред полноќ во Специјалната болница за болести на тироидната жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран утрово во седум часот.

Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Евакуирани се стотина пациенти и вработени, меѓу кои и триесет деца.

Шефот на Одделот за вонредни состојби во Ужице, Саша Цицвариќ за РТС изјави дека истрагата ќе биде спроведена во најкраток можен рок. 

Цицвариќ вели дека пожарот го зафатил покривот и целиот шести кат кој бил од дрвена конструкција, поради што имало отежнувачки околности.

Според него, во гаснењето на пожарот, до седум часот кога е локализиран, учествувале 47 пожарникари со 11 возила.

Цицвариќ вели дека 114 пациенти биле успешно и брзо евакуирани од страна на вработените и пожарникарите.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ за РТС изјави дека за пожарот на болницата бил информиран во 23 часот и 30 минути и дека веднаш пристигнал на местото на настанот. 

„Веќе имаше работници од трета смена, и здравствени работници и немедицинска служба за обезбедување, кои почнаа да ги евакуираат пациентите, симнувајќи ги на долните катови. Имаше и околу 30 деца“, изјави Симиќ.

Според директорот на Специјалната болница се поминало во најдобар ред. „Успеавме да ги симнеме неподвижните пациенти и навремено да ги сместиме во блиските хотели“, рече Симиќ, изразувајќи надеж дека болницата ќе се приспособи за работа што е можно поскоро. паг/

 

 

 

 


 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан