• недела, 24 ноември 2024

Лога: Новата одлука на Уставен суд со новото упатство е беспредметна

Лога: Новата одлука на Уставен суд со новото упатство е беспредметна

Скопје, 5 јули 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога на новинарско прашање во врска со издавањето на документи од матичната евиденција и дали графата за националност ќе се пополнува со воведувањето на времената мерка што ја донесе Уставниот суд напомена дека новата одлука на овој суд со новото Упатство за водење на матични книги е беспредметна.

Според министерот Лога, новото упатство нема содржински да се менува.

- Со оглед дека има најави од Левица, повикувам таа да се подигне пред Уставниот суд и тие да го кажат последниот збор на седница, тоа што сакам да го напоменам е дека Упатството е врз основа на закони донесен е во 1995 година, рече Лога.

Тој посочи дека според старата евиденција се определува и националната припадност на, како што рече, и тројцата уставни судии од немнозинството кои се избираат во Собранието на РСМ и дека не постои друг доказ за нивната припадност.

- Ние сакаме да се повикуваме на практики и конвенции и го повикувам судот што побрзо да се произнесе и да не губи време по ова прашање и ако реши дека е противуставно сите да ја почитуваме таа одлука, вели Лога.

На забелешките на поранешната министерка и професорка по уставно право Рената Дескоста за Упатството смета дека таа сега не треба да зборува во јавноста, бидејќи, како што рече, таа и претходно не го следела правото и дозволила да се спроведат уставните измени без да поминат низ Министерството за правда, туку тие да одат преку Минстерството за надворешни работи, што го оцени како преседан.згм/лв/

Остани поврзан