• петок, 27 декември 2024

Лога - Лосон: Продолжува поддршката од Обединетото Кралство за членство на Северна Македонија во ЕУ

Лога - Лосон: Продолжува поддршката од Обединетото Кралство за членство на Северна Македонија во ЕУ

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното членство во ЕУ ќе продолжи и во наредниот период, беше речено на денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со британскиот амбасадор Метју Лосон.

Како што информира Кабинетот на Лога, на средбата се разговараше за актуелните случувања, уставните измени, Законот за амнестија, новиот Кривичен законик кој треба да биде донесен, реформите во правосудството и претстојните предизвици. мч/аа/

Фото: МП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан