• четврток, 26 декември 2024

Лога: За подобра заштита на децата, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни

Лога: За подобра заштита на децата, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - По повод 20 Ноември - Светскиот ден на детето, учениците од ООУ „25 Мај“ - Ченто, ООУ „Гоце Делчев“ - Центар  и децата на вработените денеска го посетија Министерството за правда и се запознаа со начинот на работа и функционирањето на оваа институција.

Како што соопшти Министерство за правда, министерот за правда Кренар Лога ги прими децата во својот кабинет, им даде подароци и ги слушна нивните желби и потреби. Им порача дека не треба да бидат пасивни, туку активни во општеството. Да дебатираат меѓу себе, да кажат кога не се согласуваат, да имаат емпатија и да бидат солидарни.

Децата, како што се наведува, се интересираа за правдата, нивните права и обврски, како и за многу интересни теми поврзани со правниот систем.

- За да се обезбеди подобра заштита на децата неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции како и преземање на обврските и одговорностите кои се предвидени во Конвенцијата за правата на детето, се вели восоопштението од Министерство за правда. мд/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан