• недела, 24 ноември 2024

Лога - Ди Џовани: Секое дете заслужува да биде заштитено од системот

Лога - Ди Џовани: Секое дете заслужува да биде заштитено од системот

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога  оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Олимпија Марковска, офицер за детска заштита.

На средбата, како што информира Министерството за правда, се разговараше за унапредување на правата на децата, нивната заштита и Стратегијата за заштита на детско престапништво.

Осврнувајќи се на правата на децата, министерот за правда Кренар Лога рече дека правдата за децата спаѓа во врвните приоритети за Република Северна Македонија којашто ја има ратификувано Конвенцијата за правата на децата и вложува напори да ги оствари нивните права на системски и сеопфатен начин и тоа како на стратешко, така и на законско и стручно ниво.

- Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот. Секое дете заслужува неговите потреби да бидат приоритет за институциите  и да биде поштедено од какво било однесување коешто води кон некаков облик на дискриминација и маргинализација. Министерството за правда работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво, се вели во соопштението.

Од Министерството за правда наведуваат дека соработката со УНЦЕФ ќе продолжи и  наредниот период. мд/нд/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан