• среда, 18 декември 2024

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата.O TEMPORA, O MORES!, напиша на Фејсбук министерот за правда Кренар Лога, по објавата на професорката и поранешна министерка за правда Рената Дескоска дека Извештајот на ЕК за судството треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет, а не да се префрла одговорноста.

 - Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е „сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас, напиша Дескоска.

Ова, според неа, треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет за преиспитување на својата улога во надминување на состојбите. И барањето на решенијата, како што потенцира Дескоска, не треба да биде во стилот на „префрлање на топката на одговорност”. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан