• сабота, 23 ноември 2024

Ловџиите од Пијанец успешно ја завршија сезоната

Ловџиите од Пијанец успешно ја завршија сезоната
Делчево, 31 јануари 2021 (МИА) - Ловџиите од Пијанечкиот регион успешно ја завршија ловната сезона на крупен дивеч. Најголем плен последниот ден беше забележан на ловиштето Бигла, каде ловџиите по завршувањето на ловот одржаа заедничка дружба на која ги сумираа резултатите. -Сезоната беше успешна затоа што имаше добар улов. Ловот се одвиваше на петте концесионирани ловишта во делчевскиот регион, тоа се ловиштата Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч од почетокот на сезоната беше дозволен отстрел на дива свиња, зајак и еребица, лов кој е пропишан согласно ловно-стопанските основи за секое ловиште поединечно, истакнаа делчевските ловџии. Освен лов на дива свиња, од штетниот дивеч, ловџиите имале дозвола и за отстрел на волк и лисица. -Годинава штетниот дивеч не ни создаде поголеми проблеми, така што изостанаа хајките на штетен дивеч. Во периодот кој следи, обврска на ловџиите е да се грижат за загрозените видови дивеч, како еленот и срната, кои се се поретки во овој дел од државата, додадоа делчевските ловџии. Во случај на поголеми студови во зимскиот период, како што додадоа, ќе продолжи потхранувањето и на останатите видови дивеч. вс/мч/

Остани поврзан