• недела, 28 јули 2024

Ловрен може да ја продолжи кариерата во Рома

Ловрен може да ја продолжи кариерата во Рома
Рим, 13 мај 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, може да се пресели во Рома за време на летниот преоден рок, пренесува „Скај Спортс“. Клубот од Рим е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Хрват и сака да го искористи фактот дека неговиот договор со Англичаните истекува летото 2021 година. Ливерпул може да се согласи да го продаде играчот сега за да не го изгуби без пари следната година. Во сезоната 2019/20, Ловрен одигра 14 натпревари за Ливерпул, има 1 гол и 1 асистенција. Порталот „transfermarkt.com“ го проценува Хрватот на 16 милиони евра.

Тагови

Остани поврзан