• четврток, 26 декември 2024

Ли допатува во Австралија

Ли допатува во Австралија

Канбера, 15 јуни 2024 (МИА) – Премиерот на Кина, Ли Кечијанг денеска пристига во посета на Австралија. Тоа е прва посета на кинески премиер на Австралија во изминатите седум години и се очекува да го отвори патот за првото патување на претседателот Си Џинпинг во Австралија од 2014 година.

Ли на аеродромот во Аделаида беше пречекан од шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг.

За време на неговиот престој, Ли и австралискиот премиер Ентони Албанезе ќе копретседаваат со деветтиот годишен лидерски состанок и ќе присуствуваат на тркалезната маса на извршните директори на компании од Кина и Австралија.

Ли допатува во Австралија по неговата посета на Нов Зеланд, а потоа ќе отпатува за Малезија.

Ли вчера во Окленд истакна дека Кина е посветена на создавање на првокласна деловна средина и поддршка на странските претпријатија во земјата. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан