• четврток, 26 декември 2024

Лијешко: Руските сили целосно уништија седум болници

Лијешко: Руските сили целосно уништија седум болници
Киев, 13 март 2022 (МИА) - Украинскиот министер за здравство  Виктор Лијешко изјави дека седум болници се целосно  уништени во Украина од почетокот на руската инвазија. Тој додаде дека оштетени се повеќе од 100 други здравствени установи, а загинале шест, а 12 медицински работници се повредени. Пред неколку дена руските сили нападнаа породилиште во Мариупол. Москва тврдеше дека зградата ја користеле украински борци. Додека украинските власти и Обединетите нации соопштија дека објектот во тоа време сè уште функционирал како болница. ми/

Остани поврзан