• петок, 27 декември 2024

Лишен од слобода прилепчанец за „тешка кражба“ во продавница во Прилеп

Лишен од слобода прилепчанец за „тешка кражба“ во продавница во Прилеп

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 10.50 часот во Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(41) од Прилеп.

-Тој се сомничи дека околу 5.30 часот извршил „тешка кражба“ во продажен објект во Прилеп, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи. 

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. хс/нд/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан