• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен кумановец кој возел под дејство на алкохол

Приведен кумановец кој возел под дејство на алкохол

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Четириест и петгодишен кумановец вчера е лишен од слобода, бидејќи управувал возило под дејство на алкохол.

- Вчера во 00:58 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта, соопшти денеска МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан