Лишен од слобода криумчар на мигранти
- МВР информира дека вчера, во 10.50 часот, на клучка Прдејци, на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го л
![Лишен од слобода криумчар на мигранти](https://new.mia.mk/index.php/images/20221231122727_big_730x400_64.webp )
Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – МВР информира дека вчера, во 10.50 часот, на клучка Прдејци, на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Џ.К.(51) од Косово.
-При контрола во возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а- кар агенција, кое тој го управувал, биле пронајдени пет лица- мигранти од Индија, соопштуваат од полицијата.
Џ.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/лв/