• четврток, 26 декември 2024

Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години

Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години вчера, во 17:10 часот, бил уапсен на ул. „Џумајска“ во Скопје. Д.Б. (45) од Скопје бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела

-При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, соопштуваат од МВР. ир/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан