• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишен од слобода кавадарчанец по пријава од малолетнички 

Лишен од слобода кавадарчанец по пријава од малолетнички 

Кавадарци, 2 април 2025 (МИА) - Лишен бил од слобода кавадарчанец по пријава од малолетнички, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Вчера во 15:25 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(22) од Кавадарци, по претходна пријава од М.В (36) од Кавадарци, татко на малолетничка и Б.В.(31) од Кавадарци, мајка на малолетничка. Според пријавеното, малолетничките биле на гости кај А.С. и во моментот кога сакале да си одат, тој  ја заклучил влезната врата, не им дозволил да си одат, а од едната малолетничка побарал да имаат сексуален однос, соопштија од СВР Велес. 

А.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан