• четврток, 26 декември 2024

Лишен од слобода жител на кавадаречко село, недолично се однесувал и соблекувал пред девојка

Лишен од слобода жител на кавадаречко село, недолично се однесувал и соблекувал пред девојка

Кавадарци, 3 декември 2023 (МИА) - Жител на кавадаречко село вчера попладне бил лишен од слобода од страна на полицијата, бидејќи бил пријавен од девојка дека недолично се однесувал и соблекувал пред неа, информираа денеска од СВР Велес.

 - Во 16 часот во кавадаречко село, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.З.(38) од селото, по претходна пријава од 22-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител и по негово документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес. 

Како што соопштија од полицијата, нешто подоцна, во 18.30 часот, во ОВР Кавадарци, 45 - годишен кавадарчанец пријавил дека во казино во градот бил физички нападнат од кавадарчанецот  В.Т., кој, исто така се обидел со тврд предмет да ги нападне и вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.свд/бт/

Фото/МИА Архива

Остани поврзан