• сабота, 06 декември 2025

Лишен од слобода валандовец затоа што управувал возило под дејство на алкохол 

Лишен од слобода валандовец затоа што управувал возило под дејство на алкохол 

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Кај место викано „Монопол“ во Валандово синоќа во 21.54 часот, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.П.(71) од село Пирава, валандовско, соопшти денеска МВР.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта.

- Тој е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. цр/ац/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан