• среда, 18 декември 2024

Лишени од слобода крадци во Скопје

Лишени од слобода крадци во Скопје

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Во Скопје, на територија на Карпош утрово околу 03 часот од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.

Од МВР соопштија дека веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан