• четврток, 19 декември 2024

Лишени од слобода две лица од Прилеп за намерно опожарено возило

Лишени од слобода две лица од Прилеп за намерно опожарено возило

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - По преземени мерки и активности полицијата вчера ги лиши од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти денеска МВР, на 19 декември 2023 година на улица „Кире Базерко“ во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп. За делото добил пари од В.Б..

Со двајцата лишени од слобода биле извршени службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото.

Од МВР информираат дека денеска до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ од Кривичниот законик. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан