• среда, 25 декември 2024

Лишени од слобода двајца турски државјани за измама

Лишени од слобода двајца турски државјани за измама

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - Полицијата вчера ги лишила од слобода А.А.(51) и 48-годишната Н.М.А., двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. 

Како што информира  денеска МВР, на 29 август годинава во СВР Скопје, К.Е.(50) од Турција, со привремен престој во Скопје, пријавил дека во текот на 2021 година се договорил со лицата за купопродажба на стан во Скопје. Од неговата сметка на сметката на Н.М.А. во банка во Турција ги префрлил парите за станот.

Како што е пријавено, во 2022 година тие отишле кај нотар да потпишат купопродажен договор, кој притоа ги информирал дека не може да биде потпишан затоа што станот има некакво оптоварување.

Според пријавеното, А.А. притоа му ветил дека ќе ги исправи работите, но тоа не го сторил и избегнувал контакт со него, по што се посомневал дека бил измамен за сума од околу 54.000 евра.

МВР најави дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. мд/бак/    

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан