Лишани од слобода двајца скопјани поради палење на кабли и сува трева
- На улицата „Скупи“ во Општина Карпош вчера попладне полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(19) и Е.Д.(18), двајцата од Скопје. Како што соопштија од МВР, претходно било пријавено дека на улицата бил забележан густ чад, по што полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лицата како палат кабли, при што запалиле и сува трева.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - На улицата „Скупи“ во Општина Карпош вчера попладне полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(19) и Е.Д.(18), двајцата од Скопје. Како што соопштија од МВР, претходно било пријавено дека на улицата бил забележан густ чад, по што полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лицата како палат кабли, при што запалиле и сува трева.
Лицата биле приведени во полициска станица и од нив биле одземени каблите за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.
-По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава по член 288 - „предизвикување општа опасност“ и член 236 – „тешка кражба“ од Кривичниот законик, информираат од МВР. бт/дма/
Фото: МИА архива