• недела, 24 ноември 2024

Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година

Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

МВР  како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.  

- За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година, соопштија од МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан