• сабота, 23 ноември 2024

Лице од велешко село пријавило измама од 251.110 денари

Лице од велешко село пријавило измама од 251.110 денари

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - Четириест и седумгодишен жител на велешко село во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Според пријавеното, на 29 јули, преку мобилна апликација, лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје - Чаир и била преземена од друго лице, но, парите не му биле исплатени во договорениот рок и по една недела, лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен, појаснуваат од СВР - Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан