• недела, 24 ноември 2024

Лицата со инвалидитет од Гевгелија добија инклузивна клупа

Лицата со инвалидитет од Гевгелија добија инклузивна клупа
Гевгелија, 29 јуни 2022 (МИА) - Преку реализираните активности во рамки на проектот „Ехо за еко“, младите членови на општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија, стигнаа до реализација на замислата да им се помогне на лицата со инвалидитет со поставување во центарот на градот на инклузивна клупа. Во рамки на проектот беа реализирани два хуманитарни концерта на различни локации во Гевгелија преку кои беше поттикната хуманоста на граѓаните да донираат средства коишто целосно беа употребени за изработка и поставување на инклузивната клупа. -Инклузивната клупа е од големо значење за лицата со инвалидитет, нивните блиски и пријателите затоа што им овозможува достапност и претставува пријатна локација за нивно дружење, велат младите активисти од гевгелискиот Црвен крст. им/вг/

Остани поврзан