• вторник, 12 ноември 2024

Литванија испраќа оклопни возила на Украина за поддршка на чистењето мини

Литванија испраќа оклопни возила на Украина за поддршка на чистењето мини

Рига, 12 јуни 2024 (МИА) - Литванија и испраќа на Украина 14 оклопни транспортери М113, соопштија денеска претставници на одбраната во Вилнус, јави ДПА.

-Возилата треба да пристигнат во Украина оваа недела и ќе ги зајакнат капацитетите на украинската армија за чистење мини, соопшти литванското Министерство за одбрана.

Литванија, членка на ЕУ и НАТО, е еден од најверните поддржувачи на Украина. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан