• среда, 18 декември 2024

Литванија доби нова влада на левиот центар

Литванија доби нова влада на левиот центар

Вилнус, 12 декември 2024 (МИА) - Парламентот на Литванија денеска избра нова левоцентристичка влада, чија програма е фокусирана на социјалната политика, помошта за Украина и одбраната од соседна Русија.

Новата трипартиска влада предводена од социјалдемократот Гинтаутас Палукас веднаш потоа положи заклетва.

Со програмата, владата вети дека ќе ја поддржи Украина „пред и по победата“ во војната против Русија, ќе му помогне на Киев „да го забрза процесот на пристапување во Европската унија и НАТО“ и годишно да издвојува 0,25 отсто од бруто домашниот производ ( БДП ) за воена поддршка на Украина.

Литванија веќе е меѓу најголемите донатори на Украина, со оглед на големината на нејзината економија.

Палукас денеска изјави дека членовите на владата планираат наскоро да ја посетат Украина.

-Мора да покажеме заедништво, солидарност и пријателство, порача Палукас пред пратениците.

Соочена со руската закана, владата на Литванија, поранешна советска република која е членка на ЕУ и НАТО, сака да го зголеми буџетот за одбрана на најмалку 3,5 отсто од БДП.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан