• четврток, 26 декември 2024

Литванија ги укина ковид сертификатите

Литванија ги укина ковид сертификатите
Вилнус, 5 февруари 2022 (МИА) - Литванија ја укина употребата на ковид сертификатите, иако земјата постојано има висока стапка на инфекција, јави ДПА. Од денеска нема да мора да се покажува ковид потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично. Истовремено, укината е и обврската на вработените во одредени занимања, вклучително и здравствениот и образовниот сектор, редовно да се тестираат. Од мерките и натаму останува задолжителното носење маски, дистанцата и дезинфекцијата. Министерство за здравство на Литванија наведува дека сертификатите за вакцинација или прележаност одиграле важна улога во борбата против пандемијата. „Меѓутоа, со ширењето на позаразната варијанта Омикрон, постои ризик од инфекција и за вакцинираните и оние кои ја поминале болеста, што значи дека ефикасноста на ковид потврдите е значително намалена“, соопшти Владата. Владата не ја отфрли можноста за повторно воведување сертификати за коронавирус доколку тоа го бара ситуацијата. Литванија воведе ковид сертификати во дигитална форма во мај 2021 година и оттогаш повеќе од два милиона луѓе го земале сертификатот барем еднаш. Во Литванија, како и во многу други земји, зголемен е бројот на заразени со Омикрон. Во земјата, со речиси три милиони луѓе, пријавени се повеќе од 740.000 случаи од почетокот на пандемијата и 7.900 смртни случаи. паг/  

Остани поврзан