• среда, 25 декември 2024

Липково ќе продолжи со проекти од инфраструктурата, водоснабдувањето и ќе гради дом на култура

Липково ќе продолжи со проекти од инфраструктурата, водоснабдувањето и ќе гради дом на култура

Куманово, 4 јануари 2024 (МИА) - Општина Липково ќе реализира повеќе инфраструктурни проекти за тековната 2024, информираа денеска надлежните. Како што изјави градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи предвидени се бројни реконструкции на улици, меѓу нив на локалните патишта помеѓу селата Никуштак и Виштица, како и во Отља. Годинава ќе биде завршена и изградбата на локалниот пат од селото Липково до браната Липково. Во населените места ќе се постави и бекатон на повеќе улици.

-Во врска со водоснабдувањето во моментов се реализираа проектот, резервоар во село Слупчане, од 1.000 метри кубни кај филтер станицата. За дел од проектите поврзани со водоснабдување во постапка сме на потпишување договори со економските оператори, за некои тече јавната набавка. Од пролет очекуваме интензивна изведба на повеќе локации од водоснабдителниот систем, кои според планот треба да завршат до ноември, годинава. Веруваме дека во селата Липково, Матејче и Оризаре, каде се завршени сите потребни работи, по завршување на пумпната станица кај филтер станицата, ќе се пушти водата за пиење, за овие села, изјави Арифи.

Општина Липково е една од 44 општини која од Владата со пренамена на средства доби пари за изградба на Дом за култура. Министерството за култура одвои 30 милиони денари или половина милион евра за реализација на проектот за Дом на култура во селото Матејче во Липково.

- Во врска со Домот на културата во село Матејче, со доделените средства во вредност од 30 милиони денари, веруваме дека конечно после 16 години, овој проект кој е почнат од 2008 година конечно ќе заврши со што и нашите граѓани ќе имаат место каде ќе реализираат различни манифестации и ќе придонесат за развојот на културата, изјави Арифи. ам/сст/


Фото: МИА Архива и Општина Липково

Остани поврзан