• вторник, 24 декември 2024

Лион стави повеќе играчи на продажба за да избегне санкции од УЕФА

Лион стави повеќе играчи на продажба за да избегне санкции од УЕФА

Лион, 22 август 2024 (МИА) – Познатиот француски фудбалски клуб Лион го стави најголемиот дел од составот на трансфер-листата за да избегне санкции во врска со повреда на финансиските правила. 

Како што објави „L'Equipe“ раководството на клубот испратил известување до повеќе менаџери за продажба на играчи.

Исто така известени се и тимови од Франција и други европски земји. Тие велат дека секој фудбалер на Лион може да се продаде доколку има предлог прифатлив за клубот.

Претходно се дозна дека Лион треба да заработи 100 милиони евра од продажба на фудбалери до крајот на летниот трансфер прозорец со цел да избегне санкции на УЕФА. 

Според порталот „Transfermarkt“ вкупната цена на составот на тимот е 261,5 милиони евра.

Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен победник во домашниот Куп.

Во сезоната-2023/24, Лион заврши на 6. место во Лига 1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан