• среда, 18 декември 2024

Лион привремено суспендиран од Лига 1 поради финансиски проблеми

Лион привремено суспендиран од Лига 1 поради финансиски проблеми

Париз, 16 ноември 2024 (МИА) – Регулаторното тело за финансиско работење на француските фудбалски екипи донесе пресуда против Лион.

Доколку клубот не ги плати долговите до мај, ќе биде префрлен во Втората лига. Лион има и забрана за дојдовни трансфери поради финансиски проблеми.

Тамошните медиуми шпекулираат со сума од 400-500 милиони евра која ја должи Лион.

По 11 кола, тимот со 18 бодови се наоѓа на петтото место во табелата во Лига 1.

Лион игра во првата дивизија на земјата од 1989 година. Клубот седум пати стана шампион на Франција, а пет пати го освои и Купот на Франција и осум пати Суперкупот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан