• сабота, 23 ноември 2024

Линеарно зголемување на платите на вработените во Општина Аеродром

Линеарно зголемување на платите на вработените во Општина Аеродром
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари. -Оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, потребата од потпишување на овој колективен договор е голема, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски. Со усогласувањето, како што информираат од Општина Аеродром, се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чии месечни примања веќе беа зголемени со самото покачување на минималната плата. сст/цр                        

Остани поврзан