• четврток, 26 декември 2024

Линднер: ЕУ и САД повторно да ги покренат преговорите за слободна трговија

Линднер: ЕУ и САД повторно да ги покренат преговорите за слободна трговија

Берлин, 21 март 2022 (МИА) - Европската унија и САД треба да повторно да ги покренат преговорите за слободна трговија прекинати од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер за весникот „Ханделсблат“.

Трамп ги прекина преговорите за таканареченото Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (TTIP) и започна серија трговски спорови со ЕУ.

„Треба да ги продолжиме преговорите за трансатлантскиот договор за слободна трговија. Особено сега, за време на (украинската) криза, станува јасно колку е важна слободната трговија со партнерите од целиот свет кои ги споделуваат нашите вредности“, рече министерот Линднер.

Според него, европската поддршка за такви преговори не е недвосмислена. „Така, некои функционери изминатите години зборуваа за продолжување на разговорите, а некои беа повнимателни“, додаде тој.

Германското Министерство за финансии не одговори веднаш на барањата да го коментира интервјуто на министерот. паг/

Остани поврзан