• среда, 25 декември 2024

Линдзи Вон се враќа на скијачките патеки

Линдзи Вон се враќа на скијачките патеки

Ванкувер, 14 ноември 2024 (МИА) - Трендот на враќање на скијачките ѕвезди продолжува. По Марсел Хиршер, на патеката се враќа и 40-годишната олимписка шампионка Линдзи Вон. Американката реши да ја прекине својата пензија шест години по пензионирањето и учеството на Олимпијадата во 2018 година.

Вон е трикратна освојувачка на олимписки медали, вклучувајќи злато во спуст и бронза во супер-Џи на Игрите во Ванкувер во 2010 година и бронза во спуст на Игрите во Пјонгчанг 2018 година. Таа го освоила Големиот кристален глобус четири пати и има освоено осум медали на светските првенства.

Нејзините 82 победи на трките од Светскиот куп беа женски рекорд додека тој вкупен износ не беше соборен во јануари 2023 година од сонародничката Микаела Шифрин, која сè уште е активна со 97 победи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан