• недела, 24 ноември 2024

Лингард се пресели во Јужна Кореја

Лингард се пресели во Јужна Кореја

 

Сеул, 7 февруари 2024 (МИА) – Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Џеси Лингард ќе ја продолжи кариерата во Јужна Кореја, откако денеска потпиша договор со локалниот прволигаш Сеул.

Триесетиедногодишниот Лингард во минатото беше голем талент на англискиот фудбал и на Манчестер јунајтед, но неговата кариера веќе со години е во континуиран пад.

Лингард беше член на Манчестер јунајтед од 2011 до 2022 година, а во тој период беше позајмуван во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби Каунти и Вест Хем.

Во текот на 2022 и 2023 година го носеше дресот на Нотингем Форест за кој одигра 17 натпревари на кои не постигна гол.

За Манчестер јунајтед одигра 149 натпревари, а дресот на англиската репрезентација го носеше на 32 натпревари и постигна шест голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан