• недела, 01 септември 2024

Лингард премина од Манчестер јунајтед во Вест Хем

Лингард премина од Манчестер јунајтед во Вест Хем
Лондон, 28 јануари 2021 (МИА) – Манчестер јунајтед се согласи на договор со Вест Хем да му го позајми Хесе Лингард на лондонскиот премиерлигашот до крајот на тековната сезона, јави вечерва „Скај спорт“. Според британскиот медиум, трансферот на 28- годишниот Лингард ќе го чини Вест Хем три милиони фунти. Лингард доаѓа во редовите на Вест Хем, откако самиот ги одби понудите од Њукасл и Вест Бромвич Албион. Офанзивниот играч за врска не е во плановите на тренерот на Манчестер Јунјатед, Оле Гунар Солскјер, и последен пат настапи за „црвените ѓаволи“ во Премиерлигата во јули лани. ег/гт/

Остани поврзан