• недела, 24 ноември 2024

Лиметс: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми сигурноста на Балтикот

Лиметс: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми сигурноста на Балтикот
Берлин, 16 мај 2022 (МИА) - Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот, изјави естонската министерка за надворешни работи Ева - Марија Лиметс. - Кога гледаме дека во нашето соседство и други демократски земји припаѓаат на НАТО, тоа би значело дека може да имаме пошироки заеднички вежби и исто така ... поголема одбранбена соработка, истакна таа во Берлин, каде присуствуваше на состанок со колеги од други држави членки на Алијансата. Лиметс се надева оти Шведска, Финска и Турција ќе ги надминат разликите во мислењата околу влезот на нордиските земји во Алијансата, додавајќи дека атмосферата на состанокот во Берлин била полна со поддршка. - Видовме некои разлики, но исто така, видовме подготвеност на тие земји да ги надминат разликите, појасни Лиметс. Естонија го цени тоа што НАТО го зајакнува своето присуство на Балтикот. Но, исто така, таа би сакала сојузниците да почнат да ја зајакнуваат и својата одбрана, а не само присутноста. - Тоа би значело имање посилно присуство на копнени сили, но и воздушна и поморска одбрана, нагласи министерката. бд/зш/

Остани поврзан