• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лимани: Постапката за физичко обезбедување на социјалните работници е во завршна фаза

Лимани: Постапката за физичко обезбедување на социјалните работници е во завршна фаза

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Немилиот нстанот во Прилеп и изложеноста на социјалните работници на предизвици додека ги вршат своите работни задачи, беа некои од темите на денешниот работен состанок на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и неговиот заменик Ѓоко Велковски со директорите на центрите за социјална работа и установите за социјална заштита.

На состанокот, како што информира Министерството за социјална политика, демографија и млади, стана збор и за подобрување на условите за работа, плановите за реновирање на центрите, потребата од нови вработувања, раст на платите во социјалната заштита и имплементација на SWIS системот.

Министерот Лимани посочи дека ваквиот тип состаноци ќе станат редовна пракса, но ќе се организираат и редовни посети на центрите за социјална работа и установите за заеднички да се разгледаат тековните предизвици со кои се соочуваат институциите од социјална заштита, да се разменат искуства и да се договорат конкретни чекори за подобрување на системот.

-Постапката за физичко обезбедување е во крајна фаза. Социјалните работници се двигатели на промените во општеството и нивната улога е неприкосновена. Министерството стои на располагање за целосна поддршка и соработка со цел заедно да креираме политики и мерки кои ќе обезбедат поквалитетни социјални услуги за граѓаните, но и задоволни и мотивирани вработени, порача Лимани. мч/ев/

фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан