• недела, 24 ноември 2024

Лили Гледстоун прва домородна Американка која доби „Златен глобус“ за најдобра глумица

Лили Гледстоун прва домородна Американка која доби „Златен глобус“ за најдобра глумица

Лос Анџелес, 2 февруари 2024 (МИА) - Лили Гледстоун деновиве влезе во историјата како првата домородна Американка која ја доби наградата „Златен глобус“ за најдобра глумица, за нејзината улога во „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon). Таа глуми жена од народот Осејџ, чие семејство систематски се убиваат меѓу себе.

Таа е номинирана и за годинашниот „Оскар“ за главна женска улога. Филмот пак, има вкупно 10 номинации за „Оскарите“.

Примајќи го признанието „Златен глобус“, Гледстон ѝ се заблагодари на својата нација, како и на режисерот на филмот - Мартин Скорсезе, колегата и извршен продуцент, Леонардо ди Каприо и на Роберт де Ниро. Таа потоа проговоре и за Домородните Американци.

- Ова е за секое мало дете од резерватите, секое мало урбано дете, секое мало домородно дете кое има сон, кое се гледа себеси претставено и нашите приказни раскажани... Самите ние - со наши зборови, со огромни сојузници и огромна доверба покрај сѐ друго, рече наградената.

И сонародниците ја покажаа својата поддршка за успешната глумица. Меѓу другите, и Стерлин Харјо, кој работел со Гледстоун во две епизоди од неговата позната ТВ-серија „Кучињата од резерватот“ (Reservation Dogs), се согласи со пофалбите.  си/сд/

Фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан