• недела, 24 ноември 2024

Лилард против Хјустон постигна 71 поен

Лилард против Хјустон постигна 71 поен

Портланд, 27 февруари 2023 (МИА) – Кошаркарот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард постигна 71 поен на натпреварот против Хјустон (131:114) одигран рано утрово.

Триесет и двегодишниот играч го повтори сезонскиот и постави личен рекорд. Лилард погоди 22 шутеви од 38 обиди, вклучувајќи 13 тројки од 22 обида. Исто така реализираше 14 од 14 слободни фрлања.

Овој резултат - 71 поен на Лилард е шести најмногу во историјата на НБА. Повеќе од него постигнале Дејвид Томпсон, Коби Брајант и Вилт Чембрлен.

На почетокот на оваа сезона, членот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел постигна 71 поен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан