• среда, 25 декември 2024

Ликот на Грета Тунберг на шведска поштенска марка

Ликот на Грета Тунберг на шведска поштенска марка
Стокхолм, 14 јануари 2021 (МИА)  - Ликот на младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг се најде на нова поштенска марка во нејзината родна Шведска. Таа е во продажба од денеска. Тинејџерката е прикажана како стои на карпа во жолт мантил, а над неа летаат ластовици. Илустрацијата е потпишана од Хенинг Тролбак. Марката е дел од серијата наречена „Скапоцена природа“, а нагласката е на животната средина и еколошките цели поставени од шведскиот Парламент, соопшти поштенската компанија „Пост-Норд“. Другите поштенски марки од истата серија покажуваат и знаменитости  за кои Парламентот утврдил дека се важни за заштита на животната средина.  си/сд/

Остани поврзан