• среда, 18 декември 2024

Ликовна изложба на дела од уметникот Владимир Георгиевски во Делчево

Ликовна изложба на дела од уметникот Владимир Георгиевски во Делчево

Делчево, 23 април 2024 (МИА) - Во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево од денеска е отворена изложбата на еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). Како што истакна Александар Белогаски стручен соработник по ликовна дејност при Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ која е организатор на настанот, се работи за изложба од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел.

-Биографијата на Ѓорѓиевски е полна со меѓународни изложби, ликовни работилници. Посебно се истакнува со тоа што бил професор во повеќе гранки на факултетите и во институциите. Има доста познати дела во неговиот карактеристичен израз во модерното сликарство мешано со реалистичко сликарство. Познато негово дело е портретот на Достоевски кој е изработен во техниката релјеф и моментално се наоѓа во музејот во Санкт Петерсбург, истакна Белогаски.

Фросина Георгиевска ги покани делчевчани да ги погледнат делата на нејзиниот татко Владимир во наредните десет дена, колку што ќе трае изложбата.

- Како претставник на семејството Ѓорѓиевски ми е чест што може да прикажеме дела на татко ми, дела од неговиот опус кој беше доста голем. Околу вас има слики работени во разни техники кои ги прикажуваат најчестите мотиви со кои татко ми се бавеше во текот на сликарство, теми од литературата, музиката, религијата и природата која му беше најголем учител, така да ќе видите голем број пејзажи. Знам дека сме овде во време на политички збиднувања, но политиката е минлива и менлива, а овие дела се она што останува, затоа ве поканувам да ги погледнете неговите слики, рече Георгиевска.

Изложбата во Делчево се реализира како дел од проектот „Музеум линк“, а во рамки на изложбата се реализираше и ликовна работилница со ученици од локалните училишта.

- Се радуваме што изложбата пристигна во Делчево ќе има можност граѓаните да ја видат во наредните 10 дена. Значајно е што за прв пат почнуваме соработка со Центарот за култура од Делчево. Ние всушност доаѓаме со проектот Музеум линк кој ете овозможува движење на многу изложби низ државата војпат тоа е сео делата на професорот Владимир Георгиевски кој што всушност се еден дел од големата Ретроспектива во почетокот на минатата година во Музејот на град Делчево. Особено се радуваме што еве имаме и можност од локалните училишта да соработуваме и да направиме цртачка работилница, истакна Јасмина Намичева од Музеј на Град Скопје.

Програмскиот директор на установата Методи Толевски изрази задоволство од соработката со Музеј на Град Скопје, најавувајки и понатамошна соработка.

-Со Јасмина ја договаравме изложбата неколку месеци, а ќе следат уште три четири изложби, така што ликовните педагози кои учествуваат со своите ученици ќе имаат прилика да ги посетат, додаде Толевски,

Упати благодарност до менторите по ликовно и нивните ученици кои цртаа во чест на Георгиевски и изрази надеж дека таа соработка ќе продолжи и понатаму. вс/лв/

фото: МИА

Остани поврзан