• четврток, 19 декември 2024

Ликовен и литературен конкурс за есента на Општина Охрид и основните училишта

Ликовен и литературен конкурс за есента на Општина Охрид и основните училишта
Охрид, 5 септември 2022 (МИА) - „Есента со своите најубави бои блика, во полиња и градини на берба не вика“ е тема на ликовниот и литературен конкурс што денеска го распиша Општина Охрид во соработка со основните училишта. Право на учество имаат сите ученици од 6 до 14 години од охридските училишта со оригинални ликовни и литературни творби, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. На конкурсот се појавуваат под шифра. - Литературните и ликовните творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата. Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема, а ликовните дела да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија...), стои во конкурсот. Секое дете треба да учествува со својот наставник ментор со по еден труд (ликовен или литературен), а изборот на најдобрите ќе го прави три члена жири-комисија. За првонаградените трудови предвидени се по 7.000 денари, за втората награда по 5.000, а третата по 3.000 денари. Трудовите треба да се испратат најдоцна до 23 септември на адреса улица „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 Охрид со назнака за „Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“ или лично во архивата на Општина Охрид. сс/ир

Остани поврзан