• сабота, 16 ноември 2024

Лиднер: Понекогаш ослободувањето од нешто носи олеснување

Лиднер: Понекогаш ослободувањето од нешто носи олеснување

Берлин, 13 ноември 2024 (МИА) - Разрешениот министер за финансии на Германија Кристијан Линднер, лидер на Партијата на слободни демократи (ФДП), кој ја напушти владата минатата среда, денеска во Бундестагот изјави дека „понекогаш ослободувањето од нешто носи олеснување“.

За време на својот говор во Бундестагот, Линднер исто така рече дека владата на Олаф Шолц паднала затоа што канцеларот ја третира Германија како да е „сосема поинаква земја“ отколку што е во реалноста.

- Ако само се вртите во круг, не можете да очекувате да водите коалиција на напредок, рече Линднер.

Тој жестоко го бранеше својот курс да ги заштити германските механизми за задолжување во Уставот, што доведе до колапс на владата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска потврди дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа за тоа на 16 декември, со што ќе се отвори патот за вонредни избори кои треба да се одржат на 23 февруари следната година. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан