• среда, 18 декември 2024

Лидерот на Хезболах потврди дека линиите за снабдување низ Сирија се прекинати

Лидерот на Хезболах потврди дека линиите за снабдување низ Сирија се прекинати

Бејрут, 14 декември 2024 (МИА) – Водачот на Хезболах, Наим Касем денеска, во своето прво јавно обраќање по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад пред една недела, изјави дека либанската милитантна група што тој ја предводи ги загубила линиите за снабдување низ Сирија.

- Да, Хезболах ја загуби својата рута за воено снабдување низ Сирија во оваа фаза, но оваа загуба е само детал во работата на нашето движење, рече Касем.

За време на Асад, проиранскиот Хезболах ги користеше Сирија и Ирак за транспорт на оружје и воена опрема од Иран во Либан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан