• четврток, 26 декември 2024

Лидерот на СИРИЗА направи промени во пратеничката група

Лидерот на СИРИЗА направи промени во пратеничката група

Атина, 28 август 2024 (МИА) – По маратонски состанок на пратеничката група на грчката опозициска партија СИРИЗА и низа несогласувања, лидерот на партијата Стефанос Каселакис, кој моментално е на Крит и се вклучи онлајн, направи промени на позицијата претседател на пратеничката група и на местото на Сократис Фамелос, доаѓа Никос Папас, јави дописничката на МИА од Атина.

Процесот помина тензично, со оглед на тоа што досегашниот шеф на пратеничката група Фамелос првично одбил да ја напушти позицијата, коментирајќи дека „предлогот за промена освен што е ненадеен и непотребен, главно е штетен за СИРИЗА“.

На состанокот следело гласање на кое предлогот на Каселакис бил изгласан со 17 гласа „за“, 12 „против“ и четворица воздржани, со што Никос Папас е новиот претседател на пратеничката група на СИРИЗА

Лидерот на СИРИЗА е приватно на островот Крит, каде што од денеска до сабота, заедно со неговиот сопруг Тајлер Макебет ќе го прослават бракот склучен во октомври минатата година во САД.

Од СИРИЗА преку соопштение побара од медиумите „да ги почитуваат личните и семејните моменти на претседателот на партијата во наредните денови на Крит“ и посочија дека не сакаме никакво медиумско покривање на настанот што не се однесува на политичката активност на претседателот на партијата. ср/рп/

Остани поврзан