• сабота, 23 ноември 2024

Лидерот на Северен Кипар се залага за решение за две држави

Лидерот на Северен Кипар се залага за решение за две држави
Атина, 30 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Северен Кипар, Ерсин Татар, кој ја презеде должноста пред еден месец, се залага за решение на кипарското прашање со создавање две држави со „корегирање на границите“ меѓу двете земји. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Татар рече дека преговорите за создавање федерација, кои започнаа во 1977 година, „целосно пропаднаа“ во Кран-Монтана во јули 2017 година, поради позицијата на кипарските Грци. Ерсин Татар одржува блиски врски со Турција и ја поддржува идејата за склучување договор за две земји во Кипар. паг/  

Остани поврзан