• сабота, 23 ноември 2024

Лидерот на индиската опозиција Раул Ганди исклучен од Парламентот

Лидерот на индиската опозиција Раул Ганди исклучен од Парламентот

Њу Делхи, 27 март 2023 (МИА) - На главниот индиски опозициски лидер Раул Ганди, жесток критичар на премиерот Нарендра Моди, денеска му беше одземен пратеничкиот мандат, еден ден откако судот го прогласи за виновен за клевета и го осуди на две години затвор за исмејување на презимето на Моди во предизборна кампања. 

Акциите против Раул Ганди, правнук на првиот индиски премиер Махатма Ганди, наидоа на осуда кај противниците на Моди и се сметаат за дополнителен доказ за нападот на владата врз демократијата и слободата на говорот и обид да се задуши различното политичко мислење. 

Локален суд во родната држава на Моди, Гуџарат, минатиот четврток го осуди Ганди поради говор во 2019 година во кој тој праша „зошто сите крадци имаат презиме Моди“.

Во тој говор, Ганди спомна три лица со презимето Моди кои не се меѓусебно поврзани: пребеган дијамантски тајкун, спортски функционер кој беше исфрлен од националната прва лига во крикет и премиерот на Индија.

Според индискиот закон, на пратеникот осуден за кривично дело и на минимум две години затвор му е одземен мандатот и исклучен од Парламентот, но Ганди е пуштен со кауција во следните 30 дена и планира да поднесе жалба.

Пратениците од опозицијата  неговото исклучување од Парламентот го сметаат за ново ниско ниво за уставната демократија во Индија. паг/

Фото: ЕПА




Остани поврзан