• среда, 25 декември 2024

Лидерот на бомбашкиот заговор во Хонгконг осуден на речиси 24 години затвор

Лидерот на бомбашкиот заговор во Хонгконг осуден на речиси 24 години затвор

Хонгконг, 14 ноември 2024 (МИА) - Лидерот на планираниот, но неуспешен бомбашки напад за време на антивладините протести во Хонгконг во 2019 година е осуден на речиси 24 години затвор.

По тие протести, најголеми од 1997 година кога поранешната британска колонија беше вратена на Кина, беа уапсени повеќе од 10.000 лица.

Главниот организатор Нг Чи-хунг доби казна од 23 години и 10 месеци затвор, а шест негови соработници се осудени на казни од шест до 13 години.

Поротата ги ослободи преостанатите шестмина од првично обвинетите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан