Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, го најави своето враќање во земјата
- Мачадо (58) ја напушти Венецуела во декември за да ја прими Нобеловата награда во Осло, а моментално е во САД.
Каракас, 2 март 2026 (МИА) - Лидерката на опозицијата во Венецуела и добитник на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо синоќа на социјалните мрежи објави дека планира наскоро да се врати во земјата.
Мачадо (58) ја напушти Венецуела во декември за да ја прими Нобеловата награда во Осло, а моментално е во САД.
Шпекулациите за нејзиното враќање во Каракас беа бројни откако американските војници го киднапираа и уапсија поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро на 3 јануари и го однесоа во Њујорк.
Мачадо е под истрага во Венецуела, а привремената претседателка Делси Родригез изјави дека Мачадо по враќањето ќе мора да ја објасни својата поддршка за американската воена операција, објавија западните агенции.сд/ми/
фото:МИА архива